Skip to main content

Фото клуб Охрид одбележува јубилеј две децении постоење

Фото клуб Охрид одбележува значаен јубилеј две децении постоење. Во текот на изминатите години во клубот љубовта кон фотографијата, знаењето и искуствата ги споделувале голем број ентузијасти. Нивна голема желба е да се има сопствен простор каде што ќе се зачува историјата и ќе се гради иднината на фото клубот Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 

Членовите на Фото клубот Охрид со традиционална изложба посветена на Св. Климент Охридски одбележаа и јубилеј 2 децении постоење. 15тина членови на фото клубот презентираа 50тина уметнички фотографии. Клубот некогаш одржувал повеќе изложби , а сега се излагаат нивните уметнички фотографии два пати во текот на годината , на Денот на Езерото и на патронатот на градот Св. Климент Охридски. 20- те години постоење се потврда дека фото клубот се темели на чиста љубов, искрени и благородни намери на основачите долго да трае, истакна на свеченото отварање Ѓоко Симјаноски член на ФК Охрид.

„ Пред 20 години неколкумина вљубеници на такви темели одлучија да го создадат фото клубот Охрид. Заради неговата несекојдневна убавина и мотиви, кои го заробуваат погелдит на секој чекор ги предизвикувале фотографите одсекогаш. Тие и во минатото се организирале низ различни форми и траеле по извесен период. Но, она што го почнале пред 20 години Лазар Коњаноски, Зоран Велјаноски Летра, Петар Боев, Боро Наумоски, Жаклина Ѓореска, Миле Мичуновиќ, Владимир Тунтев, Атанас Талески за среќа беше идеја да се преточи во реализација и со упорност да се работи на задачата клубот да опстане“, напомена Симјаноски.

Низ годините во фото клубот Охрид поминале голем број вљубеници на фотографијата. Клубот е дел на Фото сојузот на Македонија и нивни челнови уечствувел на изложби низ целиот свет , па дури биле и дел од меѓународно жири. Во ФК низ годините се приклучувале и многу млади луѓе. Некои од нив продолжиле да студираат фотографија и денес во светот работат како фотографи, а некои и понатака посветено аматерски се бават со уметничката фотографија. Сенка врз 2 деценсикиот јубилеј фрла фактот што членовите на ФК Охрид немаат свои простории каде што ќе работат и ќе споделуваат искуства и знаења.

„ Сеуште се собираме во приватни простории. 20 години сме се среќавале со сите татковци на градот, сме барале  решение, но сеуште се собираме во приватни простории. Таму одржуваме состаноци и средби“, вели Зоран Велјаноски Летра еден од оснивачите н ФК Охрид.

Во моментов во ФК има 15 тина активни членови и уште 10 тина кои повремено се приклучуваат. Членовите на охридскиот фото клуб се отворени за соработка и споделувања на знаењата со сите вљубеници на уметничката фотографија.