Skip to main content

РК Охрид и РК Лихнид на меѓународен турнир во Холандија

Ракометниот клуб Охрид и женскиот ракометен клуб Лихнид годинава ќе ја завршат со учество на меѓународен турнир во Холандија. Предходно гладијаторите ќе одиграат два натпревари на домашен терен, утре против Борец а во четврток го пречекуваат Радовиш.

 |   | 

Утре со почеток во 19 часот во СРЦ Билјанини Извори ќе се одигра заостанатиот натпревар од 12тото коло на машката ракометна суперлига помеѓу РК Охрид и РК Борец. Натпреварот беше одложен поради потешкотии во функционирањето на клубот од Велес. На утрешниот натпревар шанса да покажат што можат очекуваат младите ракометари.
 
„Веќе сме константни во првиот тим и од нас се очекува да ги покажуваме своите квалитети на теренот. На утрешниот натпревар со екипа од долниот дел на табелата, екипата на Борец , очекуваме поголема минутажа. “ – Мартин  Иваноски

Младинскиот состав на РК Охрид е прво место на табелата без пораз и со добри шанси да ја освојат младинската лига. Дел од охридските млади ракометари имаат добри шанси да бидат повикани од РФМ да заиграат и во репрезентативниот дрес на младинската репрезентација на претстојните пријателски натпревари.

„За нас овие натпревари се многу важни да ги изиграме ако бидеме повикани, ако бидат повикани некои играчи од тимот од младинската селекција. Се надевам дека ќе има повикани без разлика кои ќе бидат тоа. “- изјави Наум Костов

РК Охрид годинава ќе ја заокружат со  учество на турнир во Холандија каде ќе одиграат два натпревари со реномирани ракометни клубови и еден со клубот Сомерен кои се домаќини на спортскиот настан.  

„Во петок заминуваме за Холандија. Ќе одиграме два натпревари. Еден со Краш Волендам , екипа која што  предходната година ја елиминиравме во ЕХФ купот и другиот натпревар со екипата на Лајанс која што се натпреварува во најелитното првенство во Холандија. И уште еден натпревар со екипата на Сомерен.“– изјави Горан Недески – спортски директор.

На меѓународниот турнир во Холандија ќе отпатува и  ЖРК Лихнид . Предходно машкиот ракометен клуб покрај утрешниот меч против Борец, во четврток ќе одигра уште еден натпревар на домашен терен, против Радовиш.