Skip to main content

Глобалната награда од Прoграмата за развој на Обединети нации за Фондот за природа Преспа – Охрид

Од 200 пријавени кандидати од целиот свет  Фондот за природа Преспа – Охрид или ПОНТ беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја кои се развиени и спроведени од поединци, организации или групи.

 |   | 

Од 200 пријавени кандидати од целиот свет  Фондот за природа Преспа – Охрид или ПОНТ беше избран како победник на наградата Pathfinder за 2018 година која се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја кои се развиени и спроведени од поединци, организации или групи.

Освојувачот на наградата – Фондот за природа Преспа – Охрид (ПОНТ) – е фонд за природа кој поддржува прекугранична заштита на природата во екорегионот Преспа-Охрид, покривајќи делови од Албанија, Грција и Македонија и вклучува 6 заштитени подрачја.
ПОНТ применува исклучително инвентивен приод преку комбинирање на силно партнерство помеѓу МАВА Фондацијата и KfW (во име на Владата на Германија), со прекугранична соработка помеѓу владини и невладини партнери и финансирање на заштитата и управувањето со природните ресурси во целиот екорегион.

Наградата беше доделена на Миријам де Конинг, извршен директор на ПОНТ, на 14-то заседание на потписниците на Конвенцијата за биолошка разновидност – најголемиот собир во светот за заштита на биодиверзитетот во 2018 година – кој се одржа во Ноември во Египет. Освојувањето на наградата Pathfinder за 2018 година ќе се одбележи утре во Охрид со учество на локални партнери од трите земји, вклучително и претставници на државните органи надлежни за заштита на природата, управите на заштитените подрачја во екорегионот Преспа-Охрид, меѓународни организации и невладини организации активни во регионот.

Церемонијата се одржува во рамките на прекуграничната работилница организирана од ПОТН и управите на 6-те заштитени подрачја во екорегионот кои ќе се состанат на 11-ти и 12-ти декември со цел да се изработи тригодишна стратегија за изградба на капацитетите со акцент на подобрување на способностите за планирање на процесот на работење во заштитените подрачја, а која ќе биде спроведена со со-финансирање од ПОНТ.