Skip to main content

Реал Мадрид доаѓа во Охрид

Реал Мадрид доаѓа во Охрид. Од 14 до 18 јануари 2019 година во Охрид, во хотелот „ Аквалина“ ќе се одржи кампот на „кралскиот клуб“ кој е наменет за деца помеѓу 7 и 17 години, кои ќе стекнат непроценливо фудбалско искуство од тренерите за млади категории на Реал Мадрид. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид е подготвен за вториот камп на фондацијата Реал Мадрид. Кампот е наменет за деца помеѓу 7 и 17 години, кои ќе стекнат непроценливо фудбалско искуство од тренерите за млади категории на „кралскиот клуб“.

Учесниците на кампот се обединети од нивната страст кон клубот и неговите вредности како што се напорна работа, иницијатива, самоконтрола, тимска работа и респект. Тимот на кампот е составен од професионални тренери, психолози и едуцирани едукатори чија обука овозможува да се применува еден мултидимензионален систем, вели Влатко Тодев, лиценциран партнер на „ Real Madrid Campus Experience“ во Македонија.

На фудбалскиот камп на „ Реал Мадрид“ се очекува да учествуваат стотина деца кои ќе тренираат и учат тактички и технички аспекти за фудбалот, а воедно ќе научат многу повеќе за најважните вредности и идеали како што се тимскиот дух, толеранцијата и здравиот начин на живот.

Не не се сомневаме дека се ќе биде на врвно ниво. Ние сме тука како коорганизатори сето тоа добро да го покриеме и на децата да им овозможиме што попријатен престој и тоа да им го прикажеме на сите и во Македонија и во Светот бидејќи се она што ќе се случува овде во Охрид ќе се прикажува на официјалната страна на Реал Мадрид, вели Горан Ѓоргоноски од агенцијата „ Спорт- Арена“.

Општина Охрид, годинава ќе го подржи овој настан, а за идната година, како што беше речено на прес- конференцијата, се очекува да се потпише договор за натамошна соработка.

Секогаш ќе ги подржуваме проектите кои значат развој на младите, развој на спортскиот дух и на една позитивна енергија во нашиот град, а сето тоа ќе придонесе и за своевидна ромоција на нашиот град, рече градоначалникот Јован Стојаноски.
Фудбалскиот камп ќе се одржи од 14 до 18 јануари 2019 година во Охрид, во хотелот „ Аквалина“.