Skip to main content

Државата ја презема грижата за охридскиот колектор

Министрите на вчерашната  владина седница донесоа одлука за основање на ново Јавно претпријатие наречено ,,Колекторски систем“.
Примарната дејност на новото јавно претпријатие ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.

 |   | 

Јавното претпријатие исто така, ќе врши и планирање, изградба, реконструкција и рехабилитација на колекторскиот систем. Средствата за основање на „ЈП колекторски систем“ во висина од 5 милиони се обезбедени од сметката на Владата на Република Македонија.