Skip to main content

Хотелoт „ВИЛИЏ“ во Охрид ја одбележува својата прва година од успешно работење

Овој 20. декември, Хотел Вилиџ, како дел од комплексот „Вилиџ Вања Камчев“ во Охрид го одбележува својот прв роденден.

 |   | 

Овој 20. декември, Хотел Вилиџ, како дел од комплексот „Вилиџ Вања Камчев“ во Охрид го одбележува својот прв роденден.

Хотелот располага со 38 соби од различна категорија, и успеа за релативно кратко време да се запише како мал по обем, но сериозен претставник во туристичката мапа на Охрид и Македонија. За тоа сведочат искуствата на охриѓани и на многубројните странски и домашни гости кои ги споделуваат своите впечатоци од престојот и голем дел од нив повторно му се враќаат.

Сè започна со отворањето на Игротеката „Вања“, која направи вистински бум во Охрид и регионот, за да продолжи со Хотел Вилиџ, а најпосле и со отворањето на ресторанот за самопослужување „Бистро Вилиџ“. Нишката која ги поврзува овие дејности е концептот на опслужување на семејството како целина, од најмалите членови во игротеката па до возрасните на кои на располагање им стојат двата ресторана и хотелот.

“Ние броиме приказни…
Ние броиме доживувања…

Броиме ноќевања исполнети со љубов и насмевки, романтични вечери, веселби…
Броиме една година успешно работење!

Во пресрет на нашиот прв роденден, им благодариме на сите кои ни помогнаа да растеме секојдневно, со критики или пофалби, бидејќи секоја една е предизвик да работиме уште подобро.

Го цениме секој наш гостин кој избра да биде дел од оваа Вилиџ-сторија. Ние, тимот на Хотел Вилиџ, ќе продолжиме успешно да ја креираме и понатаму, за да имаме што да прераскажуваме!