Skip to main content

Предновогодишна еуфорија во игротека ВАЊА

Празници се ближат. Дечињата во Игротека Вања  ја накитија  новогодишната елка со лампиони и украси кои самите ги изработија на креативните работилници организирани во игротеката.

 |   | 


Празници се ближат. Децата во Игротека Вања се радуваа и забавуваа  китејќи ја големата новогодишна елка со рачно изработени лампиони. Пријателите на Игротека Вања од Детски маски Охрид дадоа свој придонес на овој настан. Лампионите, честитките и новогодишните украси кои ја разубавија елката беа изработени од вредните детски раце на работилниците кои игротеката ги организираше изминатиов период.

Следува наградната игра во која учествува секоја фискална сметка. Главното извлекување ќе биде на крај на месец Декември. Истовремено ќе се организира продажна изложба на најкреативните изработки на работилниците кои се одржуваа изминатиов период. Средствата од продажбата  на изработките  ќе се донираат во хуманитерни цели за оние сограѓани на кои помошта им е најпотребна!