Skip to main content

Почина охридскиот градоначалник Јован Стојаноски

Утрово на 48 годишна возраст, ненадејно почина градоначалникот на општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.

 |   | 

Јован Стојаноски е роден на 7-ми август 1970 година во Охрид. Високото образование го стекнува на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методи“ во Скопје. Од 1999 година е Магистер по Маркетинг, а во 2003 година Доктор по Меѓународен туризам и Маркетинг менаџмент.

Стојаноски беше долгогодишен професор на факултетот за туризам и угостителство во Охрид и член на СДСМ. Исто така беше носител на советничката листа на последните локални избори во 2013-та година и координатор на советничата група на здружената опозиција во периодот 2013-2017, а во 2017 година беше избран за Градоначалник на Општина Охрид од редовите на СДСМ. Беше оженет и татко на две деца.

Стојаноски немал здравствени проблeми претходно и починал ненадејно од инфаркт. Редакцијата на ТВМ Телевизија изразува искрено сочуство до семејството и најблиските.