Skip to main content

Изградена пешачка патека во Рача

Денес во населбата Рача, вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески,  изврши увид на ново изградената пешачка патека.

 |   | 

Денес во населбата Рача, вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески,  изврши увид на ново изградената пешачка патека. Патеката со бехатон плочки во должина од 170 метри и два потпорни ѕида, изградени се од страна на ЈП “Градски гробишта“.

Овој зафат е во рамките на програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и со него се решава деценискиот проблем на функционално поврзувње на двата дела од населбата. Посебно е важно олеснувањето на движењето на децата, кои оваа патека ја користат за да стигнат до училиштето.