Skip to main content

Охрид под снег

Следејќи ја временската прогноза и најавените снежни врнежи, во текот на вчерашниот ден се одржа координативен состанок на оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“. 

 |   | 

Следејќи ја временската прогноза и најавените снежни врнежи, во текот на вчерашниот ден се одржа координативен состанок на оперативните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец“.

Се екипираа групите за расчистување на коловозите и сообраќајниците со механизација, за рачно расчистување на пешачките патеки и јавни површини, како и екипите на „Паркови и зеленило„ за интервенирање во парковите и дрворедите.

Уште во раните утрински часови коловозите се посипуваат со абразивни средства, а чаршијата, пристапните патеки во стариот дел од градот и тротоарите во централното градско подрачје рачно се расчистуваат.

Заради обилните врнежи ситуацијата будно се прати бидејќи повторно се создава нова покривка и се делува во повеќе наврати. Екипите цел ден ќе бидат на терен и активно ќе го расчистуваат снегот според приоритет.

ОД Комуналец со апел до граѓаните и самите да придонесат во рамките на своите можности и да помогнат во расчистувањето, што впрочем е нивна законска обврска за расчистување на површините пред нивните станбени и деловни објекти.