Skip to main content

Студот не предизвика сериозни дефекти на водоводната мрежа во Охрид

Студениот бран и екстремните ниски температури кои изминативе неколку денови го имаа зафатено и Охрид, засега не предизвикале поголеми дефекти во водоводната мрежа кај домаќинствата, велат од Р.Е. Водовод.

 |   | 

Неповолните временски услови од синоќа финишираа и со врнежи од снег, аод јавното претпријатие утрово информираа дека досега е пријавен еден само случај на оштетен водомер, односно пукање на стаклото.

Од јавното претпријатие потенцираат дека сеуште важат препораките и апелот за охриѓани заштита на водомерите во своите домови, како би избегнале дополнителни трошоци при санација или нивно менување.

Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор).