Skip to main content

Црвен Крст и тимовите за интервенции на непристапни терени на готовс

Црвен Крст е во постојана комуникација со ЦУК и очекува зголемен број повици посебно за помош во рурални средини на стари лица во периодов на студено време и снежни врнежи.  Тимовите за интервенции на непристапни терени имаат капацитет од луѓе и од теренски возила да реагираат  на повик од граѓаните и институциите секаде каде што има потреба да се помогне.  Тимовите на Црвен Крст постојано патролираат за помош и згрижување на бездомни лица во овие зимски денови.

 |   | 

Следи период на студено време со а од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат пообилни врнежи од снег. Со снегот доаѓаат и проблемите.  Црвен Крст е во постојана комуникација со ЦУК и очекува зголемен број повици , посебно за помош во рурални средини на стари лица.  Тимовите за интервенции на непристапни терени се на гостовс. Имаме капацитет од луѓе а годинава и од теренски возила да реагираме  на повик од граѓаните и институциите секаде каде што има потреба да се помогне, вели Сашо Точков , претседател на Црвен Крст Охрид.

„Но нашите редовни тимови на волонтери од социјално – хуманитарната сфера постојано се во движење, на терен и предновогодишните празници и сега. Се посетуваат оние семејства кои постојано на некој начин ги контролираме и им носиме топла облека и храна и се што им е потребно. Тоа се луѓе кои претежно живеат во рурални средини.  “ – објаснува Точков.

На територијата на општините Охрид и Дебрца кои ги покрива Црвен Крст Охрид има околу 800 социјално загрозени семејства односно околу 3000 лица на кои организацијата им помага во текот на целата година. Студот и ниските температури се сепак најтешки за бездомните лица. Тимовите на Црвен Крст постојано патролираат за помош на овие лица.

„Се разбира бевме на терен да видиме дали има бездомни лица . Имаше едно лице коешто  го згриживме во пунктот во Струга. Имаше едно лице кое нема дом и кое одби да биде згрижено и остана на улица но сепак ние сме тука со нашата логистика да понудиме топла облека , чај итн. “

Точков ја истакна соработката со локалната самоуправа која што смогна сили и обезбеди дрва за огрев за 50 семејства во Охрид . Заеднички, со списоци , искоординирано ги поделивме , најпрво на оние кои имаа најголема потреба, кажува Точков.
„Се надевам дека ова ќе прерасне во традиција затоа што голем број на социјално загрозени семејства имаат потреба од огревно дрво, доаѓаат во Црвен Крст , бараат. Колку што можеме , преку донации , обезбедуваме, но овај хуман гест на локалната е добро да се истакне и да биде за пример за општествено одговорните компании. “ – порача Точков.

Сите хронично болни, стари и изнемоштени лица да се држат до препораките за зимски услови, да ја земаат препишаната терапијата, да не излегуваат од своите домови доколку тоа не е неопходно и да се облекуваат слоевито. Точков апелира сите кои имаат потреба од храна и облека да се обратат или во просториите на Црвениот крст или во Центарот за управување со кризи кои во секое време ќе им излезат во пресрет. Бездомните лица за среќа ги има во мал број но доколку граѓаните забележат вакво лице , треба да пријават и тоа по дојава веднаш ќе биде сместено во некој од прифатните центри.