Skip to main content

Продолжуваат активностите за расчистување на снегот во Охрид

Снегот кој континуирано паѓа во изминатото деноноќие непрекинато создава нова снежна покривка, па нашите служби се максимално ангажирани и во повеќе наврати се расчистуваат сообраќајниците и тротоарите како би се обезбедиле услови за проодност и движење на возилата и пешаците.

 |   | 

Снегот кој континуирано паѓа во изминатото деноноќие непрекинато создава нова снежна покривка, па нашите служби се максимално ангажирани и во повеќе наврати се расчистуваат сообраќајниците и тротоарите како би се обезбедиле услови за проодност и движење на возилата и пешаците. Се работеше цела ноќ, а од рано утринава повторно се расчистуваат чаршијата, тротоарите и се обезбедува пристап до објектите од витално значење и нормално функционирање на градот.

И покрај тешките временски услови во изминатото деноноќие, вработените во координација со менаџерскиот тим ја докажаа својата мотивираност и тимска работа.

Екипите на ЈП „Охридским Комуналец“ интензивно работат на терен со сите расположиви ресурси: специјална механизација-камиони со специјален нож за чистење на снег, камиони и трактори со епохи за посипување на абразивни средства, едно помало специјално возило (боб-кат) наменето за чистење на тесните улици и пристапни патеки во стариот дел од градот, рачни мултикултиватори погодни за расчистување на тротоарите и формирање на патеки за движење на пешаците.

Бидејќи во текот на денот и ноќта се најавени нови интензивни снежни врнежи остануваме мобилизирани и во рамките на можностите ќе се расчистува поширокото градско подрачје.