Skip to main content

Граѓаните да ги дислоцираат возилата и да го исчистат снегот пред нивните објекти

Заради најавените минусни температури во наредните денови   апелираме и ги потсетуваме граѓаните на општина Охрид, куќните совети и сопствениците на деловните објекти за законската обврска која ја имаат за чистење на снегот од пристапните површини до нивните индивидуални, станбени и деловни објекти.

 |   | 

Посебно се потенцира обврската за дислоцирање на моторните возила од коловозните површини со цел да се овозможи успешно дејствување на ангажираната механизација.

Само со координирана акција и активно учество на сите чинители, снегот навремно ќе се расчисти и ќе се овозможи нормално движење на возилата и пешаците, а со тоа и нормално функционирање на градот.