Skip to main content

Од ВМРО-ДПМНЕ реагрираат на соопштението од ЈП „Охридски Комуналец“

ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за новите вработувања во ЈП „Охридски комуналец“ и за тоа побара одговор.

 |   | 

ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за новите вработувања во ЈП „Охридски комуналец“ и за тоа побара одговор. 

„Единствено што нè интерсира нас и јавноста е дали годишната програма со мегаломански вработувања утре ќе ја повлечете и парите ќе ги пренамените за набавки на камион со опрема за чистење снег?

Сè друго е дефокусирање на јавноста.

Граѓаните треба да знаат дека партиските вработувања ќе ја чинат општината околу 110 илјади евра на годишно ниво.
Дали како и претходно додека беше СДСМ на власт, наместо нови товарни моторни возила со опрема за чистење снег, парите ќе се трошат за партиски вработувања и набавка на возила со сомнителни технички спецификации?
Ако мислите на граѓаните и работите во интерес на претпријатието и градот тогаш побарајте од градоначалникот Георгиески како предлагач да ја повлече точката за нови 40 вработувања во Претпријатието. Само така ќе докажете дека не Ви се во преден план партиските интереси.

ВМРО-ДПМНЕ финансиски го стабилизра ЈП „Охридски комуналец“ и го извлече од бездната во која го втурнавте. За првпат набавивме нови возила и ја оградивме депонијата Буково. За среќа ја зачувавме зградата кај пазарот која за малку како резултат на вашето недомаќинско владеење ќе беше извршена од една Банка.
А што направивте вие?

Криминални и сомнителни тендери со наместени спецификации за набавка на стари возила, нечист град, уништени паркови, безброј кучиња-скитници и најважно еден снег целосно Ве затрупа. Но, важно ќе вработите 40 партиски послушници потребни за кампања“, стои во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.