Skip to main content

Руинирана куќа во старата чаршија опасна по живот

Куќа на улицата Гоце Делчев, сопственост на верската исламска зедница,  секој момент може да се сруши.

 |  Валентина Нелоска  | 
kuka
куќа
Куќа на улицата Гоце Делчев, сопственост на верската исламска зедница,  секој момент може да се сруши.

Објектот од ден на ден станува се поопасен, а на тоа укажуваат и околните дуќанџии.Од куќата  во фаза на распаѓање стравуваат и минувачите по старата охридска чаршија која е мошне фрекфентна.

Одговор кога објектот ќе биде срушен и нема да биде закана по безбедноста на граѓаните побаравме од локалната самоупрва.
Портпаролот, Никола Манески за посочениот објект во старата чаршија  изјави дека општинскиот инспекторат добил  уверување од ИВЗ дека куќата сами  ќе ја срушат најдоцна до 10  февруари. Во спротивно општината ќе го сруши објектот.

kukaСпротивна е  изјавата на Газмен Хода, секретарот на муфтиството од Охрид од онаа на портпаролот на општина Охрид, Никола Манески. Хода  тврди дека од општинскиот инспекторат досега не добиле  никакво известување. Секретарот на муфтиството, Хода зад камерата на ТВМ објаснува дека тие поднесле до секторот за урбанизам  проект за нова  градба, но не  и за рушење.

ТВМ Телевизија во повеќе наврати укажувала на потребата за  рушење на овој и сличните  објекти кои преставуваат опасност за граѓаните. Нив во градот ги има околу 30 -тина , а досега не е срушен ниту  еден објект. Локалната самоуправа за оваа намена годинава во буџетот има издвоено 500.000 денари. Од почетокот на годинава  на сила е и новиот закон за градба според кој секторот за урбанизам  треба да изготвува и проекти за рушење на руинирани објекти. Сметките за рушење  во висина од околу 4000 евра ќе им бидат доставувани на сопствениците на објектите.
ТВМ и понатака ќе ја следи состојбата со  овој и останатите слични објекти кои се опасни за безбедноста на граѓаните.

 

 

 

{loadposition content9}