Skip to main content

ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ АГРОН БУЏАКУ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, оствари средба со директорот на ЦУК, Агрон Буџаку. Тема на разговор беше проектот што ЦУК го имплементира, а тоа е единствен телефонски број за итни случаи. Тоа значи дека МВР, брза помош и територијалната против пожарна единица ќе се повикуваат од еден број – 112.

 |   | 

За таа цел ЦУК ќе формира осум регионални кол центри, од кои еден од нив ќе биде лоциран во Охрид, а главниот ќе биде во Скопје. Улогата на општина Охрид во имплементацијата на проектот е обезбедување на просторни услови од каде ќе оперира регионалниот центар.

Предвидено е проектот да профункционира до крајот на 2020 година.