Skip to main content

Христијан Петрески и Јорде Цаноски најсреќни во Лакочереј и Пештани

Христијан Петрески го фати крстот за годинешното чествување на празникот Водици во селото Лакочереј.

 |   | 

Христијан Петрески го фати крстот за годинешното чествување на празникот Водици во селото Лакочереј.

Голем број на скокачи и годинава учествуваа во манифестацијата која се одржа во ова село. Жителите на селото, според традицијата, го даруваа среќниот фаќач на крстот. Тие наполнаа од осветената вода на реката, каде се изведе чинот на фрлање на Светиот крст.

Јорде Цаноски пак по трет пат беше најсреќниот и излезе со крстот во раката од водите на Охридското Езеро во Пештани.

Со тоа продолжува древната традиција на фрлање на крстот во ова прекрасно село на брегот на езерото. Јорде и годинава ќе носи среќа за цело Пештани, но и за целиот православен Охрид.