Skip to main content

Зоран Пејкоски е нов в.д. директор на Центарот за култура „Григор Прличев“

Со решение на министерот за култура за нов вршител на должност раководител на Центарот за култура „Григор Прличев“  во Охрид назначен е Зоран Пејкоски, вработен во националната установа.

 |   | 

Со решение на министерот за култура за нов вршител на должност раководител на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид назначен е Зоран Пејкоски, вработен во националната установа.

Пејкоски доаѓа на местото на Стрезо Стаматовски, кој досега ја извршуваше функцијата в.д. директор. Инбаку во изминатиов период веќе беа објавени три конкурси за избор на директор на оваа национална установа, меѓутоа ниту еден од нив не беше спроведен.