Skip to main content

Иван Лотески го фати чесниот крст во Охрид

Иван Лотески, беше најсреќен од стотината капачи кои денес запливаа во ладната езерска вода со желба да го фатат Светиот крст. 28-годишниот Иван Лотески светиот крст го фати и минатата година.

 |   | 

Иван Лотески беше најсреќен од стотината капачи кои денес запливаа во ладната езерска вода со желба да го фатат Светиот крст. 28-годишниот Иван Лотески светиот крст го фати и минатата година.

Денес на градскиот плоштад имаше неколку илјади граѓани кои го проследија настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици. Покрај охриѓани имаше и многу домашни, но и странски гости кои воодушевено ги следеја случувањата.

И оваа година манифестацијата Богојавление-Водици во Охрид се покажа како најдобро организирана и повторно во организација на Дебарско- кичевската епархија, а во соработка со локалната самоуправа.

Во организацијата на Богојавление- Водици своја поддршка дадоа и јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“, како и фаќачите на светиот крст од минатите години. Организацијата помина во најдобар ред без никакви инциденти или поголеми пропусти.