Skip to main content

Петнаестина љубители на животни обезбедија засолништа за бездомните кучиња

Во овие студени зимски денови тие поставија кутии за засолнување на кучињата на повеќе  локации во градот. 

 |  Валентина Неловска  | 

На повеќе локации во Охрид поставени засолништа за бездомните кучиња. Охридски љубители на животни се погрижија во овие студени зимски денови  бездомните кучиња да имаат сигурно и топло засолниште. Анастасија Димзова е една од 15-тината  активисти кои се вклучија во акцијата да постават  десетина куќарки во повеќе делови на градот. Куќарки од картонски кутии со ќебиња во нив, се поставени во Центар,  Далјан, кај Емуц, кај Белависта, на улицата Асном. Во една куќарка може да се засолнат од студот и до 3 кучиња. Куќарките се поставени на места каде што активистите за заштита на бездомните кучиња се грижат за нивна  стерилизација и за хранење.  Активистите го известиле комуналец, а на кутиите оставиле пораки граѓаните да не ги уништуваат засолништата за кучиња.