Skip to main content

Утре почнува второто полугодие, учениците се враќаат во училишните клупи

По продолжувањето на зимскиот распуст за учениците од два дена, од утре, 23 јануари, тие повторно седнуваат во училишните клупи.

 |   | 

По продолжувањето на зимскиот распуст за учениците од два дена, од утре, 23 јануари, тие повторно седнуваат во училишните клупи.

Од Владата изјавија дека постојано се следи состојбата со континуираното загадување на воздухот, врз основа на што, во координација со Министерството за образование и наука, се одлучува околу времетраењето на продолжувањето на зимскиот распуст. Засега нема нови информации за евентуално повторно продолжување на зимскиот распуст.

Одлуката за продолжување на зимскиот распуст се однесуваше на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија.