Skip to main content

Општина Охрид распиша јавен повик за поднесување барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици

Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјална заштита на граѓаните од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

 |   | 

Општина Охрид ќе врши обезбедување на остварување на социјална заштита на граѓаните од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.

Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за 2019 година. Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети: Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата; Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари, заа трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на субвенцијата и покривање гробна такса-гробарина до 50 денари.

Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од општина Охрид  имаат лицата корисници на социјална помош, постојана парична помош, Невработени лица подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен. Услови за добивање субвенција се: корисниците и нивните брачни другари да бидат пријавени во Агенција за вработување и активно да бараат работа; -заедно со брачниот другар да не оствариле приходи поголеми од 105.000,00 денари во 2018 и да не поседуваат друг имот освен оној во кој живеат;- Лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејство е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест. Подносителите на барање за субвенционирање треба да се жители на општина Охрид; и корисници на услуги од јавните претпријатија чии услиги се предмет на субвенционирање.

Заинтересираните лица своите барања за субвенционирање можат да ги достават во затворен плик, лично во архивата на општина Охрид или по пошта на адреса: ул.Димитар Влахов бр.57 Охрид, со назнака (ЈАВЕН ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОМУНАЛНИ УСЛУГИ) . Јавниот оглас ќе трае до 22ри февруари.