Skip to main content

Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид oд утре треба да бидат ставени во употреба

Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид кои поради сервисирање еден месец  не се во функција, од утре треба да бидат ставени во употреба. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Апаратите за анестезија во Општата болница во Охрид кои поради сервисирање еден месец  не се во функција, од утре треба да бидат ставени во употреба. Станува збор за апаратите во четирите операциони сали на хирургија и урологија, додека апаратот за анестезија на одделението за гинекологија бил сервисиран во најкраток можен рок и веќе на 09ти јануари бил ставен во функција. Тој апарат се користел за итните операции со цел да не се препраќаат пациентите во други здравствени установи. Директорката на болницата, Славица Малевска Стојадиновиќ тврди дека воопшто немало никаков застој во оперирањето на итните случаи, додека оние операции кои биле закажани се одложени и по ставањето во функција на апаратите за анестезија, ќе бидат презакажани. Инаку сервисирањето на апаратите било неопходно бидејќи тоа не било направено уште од 2013год. па болницата се одлучила на ваков чекор поради безбедноста на пациентите. Средствата за сервисирање се предвидени со годишната програма за работа на болницата и трошоците на сервисерот ќе му бидат подмирени откога апаратите ќе бидат направени. Постапката се оддолжила бидејќи се чекало да пристигнат деловите од странство.