Skip to main content

И Охрид меѓу градовите кои добија мерни станици за следење на загадувањето на воздухот

Охрид доби 3 мерни станици за следење на загадувањето на воздухот лоцирани на неколку локации низ градот.

 |   | 

Охрид доби 3 мерни станици за следење на загадувањето на воздухот лоцирани на неколку локации низ градот. ВАМ уредите уште ги објавуваат информациите на апликацијата „Мој воздух“, а кои во Охрид се поставени на следниве локации: „Охрид – Први мај“, „Охрид – Богомилска“ и „Охрид – Мирче Ацев“.

Станува збор за таканаречени ВАМ инструментикои ги филтрираат и пропуштаат сите PM честички помали од 10 микрометри. Потоа филтрираните честички се таложат на хартија во рок од 1 час, за да се пушти бета зрачење врз наталожените PM честички и се мери ослабувањето. На тој начин се пресметува масата на PM честичките во рамките на тој час. Ова е моментално најточниот метод што постои за мерење на маса на PM честички.

Утрово 10.02.2019 мерната станица „Охрид – Први Мај“, во градот измери 25 микрограми PM 10 честички на метар кубен. На мерната станица „Охрид – Богомилска“ во истиот период во воздухот имало 23 микрограми PM10 честички на метар кубен, додека мерната станица „Охрид – Мирче Ацев“ во овој период не испраќа податоци до апликацијата.

PM честички се ситни честички (тврди или течни) што се присутни во воздухот. Некои покрупни честички како што се прашина можат да се видат со око, но поситните честични можат да се видат само под микроскоп. PM честичките се мерат во микрометри или скратено микрони. Обликот материјалот и дистрибуцијата на облик и маса од кој што се изградени драстично варира од регион до регион и од период до период. Во урбаните средини, PM честичките можат да бидат од најразлична природа во себе вклучувајќи и разни хемикалии и отрови штетни по здравјето на луѓето. Во PM честички спаѓа и поленот (до 100 микрони), кој е една од главните причини за пролетните алергии.

Во Охрид нема мерна станица за мерење нивото на смог, но постои мобилна апаратура во сопственост на Југозападниот плански регион, која во моментов и е отстапена на општина Кичево.