Skip to main content

Нов државен јуниорски рекорд на Анастасија Мојсовска на самиот старт на натпреварувачката сезона

Викендов во Скопје, на стрелиштето во гимназијата Раде Јовчески Корчагин се одржа првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој настапија 6 стрелци од охридскиот стрелачки клуб.

 |   | 

Викендов во Скопје, на стрелиштето во гимназијата Раде Јовчески Корчагин се одржа првиот Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој настапија 6 стрелци од охридскиот стрелачки клуб.

Прво место и нов државен рекорд во јуниорска категорија за Анастасија Мојсовска со резултат од извонредни 616,0 кругови. Во сениорска категорија таа заостана зад првопласираната за 4,6 кругови. Ваквата спортска форма на Анастасија која во изминатиов период има нагорна линија, беше мотив за Селекторот на македонската стрелачка репрезентација да ја пријави Анастасија за претстојното Европско првенство што треба да се одржи од 16-25.03.2019 год. во Осијек, Хрватска. Воедно ова е прв наш стрелец да земе учество на едно вакво првенство после долг период од 6 години.

На втората позиција во јуниорска категорија се пласира Јована Милевска со резултат од 606,4 кругови односно четврта позиција во сениорска категорија. За жал, Јована и покрај солидните резултати кои ги бележи во изминатиов период не се најде на листата на Селекторот за Европското првенство. Оваа година Јана Маркоска и Мартина Петровска ја стартуваат сезоната во конкуренција сениорки, па во друшттво на далеку поискусните тие се најдоа на шестата односно на десеттата позицијз во севкупен пласман-жени. Во сениорска категорија пак, Јана Маркоска е четвртопласирана со резултат од 604.,2 што воедно претставува и нејзин нов личен рекорд. Мартина Петровска по настанатиот проблем со пушката на самиот почеток на натпреварот, не успеа да ја достигне разликата со останатите, па заврши како петтопласирана во сениорска категорија, со резултат од 584.5 кругови. Свој прв официјален настап во јуниорска категори во меѓународна програма имаа и Кристијан Џепароски кој се пласира на четвртата позиција во јуниори со постигнат резултат од 556,6 кругови и Марија Ванѓеловска со резултат од 538,5 кругови.