Skip to main content

Се загрева атмосферата околу престојните вонредни локални избори

Се загрева атмосферата околу престојните вонредни локални избори. Владејачката СДСМ веќе испратила до централата во Скопје имиња на четири свои кандидати за градоначалник. За разлика од СДСМ, во општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ сеуште нема некои конкретни активности околу престојните избори.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се загрева атмосферата околу претстојните вонредни локални избори. Владејачката СДСМ веќе испрати четири свои кандидати за градоначалник до централата во Скопје. Извршниот одбор на огранокот на партијата на синоќешната седница на која биле преставени вкупно тринаесет кандидати изборот го стеснил на четири предлози и тоа в.д. градоначалникот Константин Георгиески, актуелната претседателка на градскиот совет Живка Ангелоска, претседателот на ОО СДСМ Охрид, Лазе Танески и поранешниот претседател на охридскиот огранок и бизнисмен Науме Јованоски. Оваа листа на кандидати може да биде дополнета и со други имиња. Конечниот избор треба да биде извршен на партиска конвенција во Охрид.

За разлика од општинската СДСМ, во општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ се` уште нема некои конкретни активности околу престојните избори. Се` уште се прават анонимни анкети со што се испитува пулсот на граѓаните. Ниту еден од можните кандидати не е повикан на разговор во централата во Скопје. Од Општинскиот комитет кажуваат дека сите оние имиња кои се вртат како можни кандидати се шпекулација. Допрва ќе се прават внатрешните анкети, после што двајца или тројца кандидати ќе бидат пратени до централата во Скопје каде ќе се одлучува кој од нив е најподобен за прв човек на градов. Инаку вонредните локални избори ќе се одржат на 21 април, заедно со претседателските.