Skip to main content

Градоначалникот Петрески ќе го менува првиот човек на Ј.П. Кoмуналец?

Ова се информациите кои деновиве кружат во јавноста. Петрески и Павлоски ниту ги потврдуваат, ниту отфрлаат.

 

 |  Тања Кувенџиска  | 
logo
лого
Ова се информациите кои деновиве кружат во јавноста. Петрески и Павлоски ниту ги потврдуваат, ниту отфрлаат.

Започнаа предизборните игри и интриги.  За почеток во нив се спомнуваат две од официјално објавените имиња на кандидати за градоначалник на претстојните локални избори.

Имено, најновите информации кои кружат во јавноста говорат дека градоначалникот Петрески одлучил да го смени првиот човек на ЈП Комуналец, Боро Павлоски. Како што ТВМ дознава, оваа функција деновиве веќе им била понудена да ја вршат на неколку вработени во ова јавно претпријатие, но ниту еден од нив не прифатил.

Boro PavloskiГрадоначалникот Петрески ниту ја потврди, ниту ја отфрли информацијата како неточна. „ Кога ќе одлучам да го сменам директорот на ЈП Комуналец, тоа ќе го направам писмено. Се додека вакво решение не е испратено до Павлоски, тоа значи дека тој се уште ја врши директорската функција“ , рече градоначалникот Петрески во телефонскиот разговор.
Првиот човек на ЈП Комуналец, Боро Павлоски тврди дека до него не пристигнале информациите за негово евентуално менување од функцијата директор. И за Павлоски, најважни се документите. „ Додека на моето биро не видам решение со кое ме разрешуваат од оваа функција, не сакам да давам било каков коментар на ваквите информации“ , вели тој.

 

 

{loadposition content9}