Skip to main content

Монтирани нови висечки кошеви во спортската сала Билјанини извори

 Оргиналните кошеви стари 2 децении ќе бидат сервисирани и повторно поставени за натпревари од повисок ранг. Од СРЦ Билјанини извори  задоволни од искористеноста на нивните терени за зимски подготовки на домашните и странските фудбалски екипи

 |  Валентина Неловска  | 

СРЦ Билјанини извори набави висечки кошеви. Со сопствени средства во висина од 700.000 денари се обезбедени 2 нови кошеви со цел да се заштити реновираниот паркет во спортската сала, информира Гордана Јованоска директор на СЦР Билјанини извори.

„ Висечките кошеви се монтирани и се со сертификати таблата и обрачите се од Елан, набавени се по сите стандарди да се играат кошаркарските натпревари од понизок ранг. Кошевите се оргинални за одигрување на европските првенства, но се стари 2 децении и е потребно нивно сервисирање од хидраулика и електроника да се реновираат “, вели Јованоска.

Плановите на СРЦ Билјани извори се на нивен терен да се вратат кошаркарските натпревари од повисок ранг од меѓународните натпревари во Б Дивизија. Од СРЦ Билјанини извори, исто така се задоволни од искористеноста на нивните терени за зимски подготовки на домашните и странските фудбалски екипи. Планот се исполни од екипите кои дојдоа на подготвки во Охрид и ги користеа нашите терени , споделува Јованоска.


„ Имавме помалку екипи од странство. Причина беше што во јануари имавме студено време, ниски температури и снег кој се невообичани за Охрид. Тоа ни ги одвлече странските екипи, но сепак имавме фудбалски екипи од Макеодина и Србија и го исполнивме капацитетот кој го имаме“, напоменува Јованоска.

Во моментов на зимски подготвки на тренеите на СРЦ Билајни извори се прволигашите од фудбалските екипи Работнички и Шкупи. До крајот на месец февруари се очекуваат уште неколку фудбалски тимови од Србија и земјава. Во тек е и пријавување за Бизнис турнирот во мал фудбал кој ќе се одржи по втор пат.