Skip to main content

Со стручна едукација до заштита на пчелните семејства

Многу фактори меѓу кои и човечкиот  и понатака   го доведуваат во опасност  опстанокот на  пчелите.  Охридското здружениe на  пчелари преку стручни  едукации советува како  правилно да се заштитуваат пчелните семејства.

 |  Валентина Неловска  | 

Во охридскиот регион расте бројот на млади луѓе кои бараат егзистенција во пчеларењето. И додека расте интересот на младите пчелари за одгледување пчели од година в година опаѓаат приносите на мед, вели Ицко Китанчев од охридското здружение на  пчелари. Тој со неговото богато искуство и знаење кажува дека пчелите постојано претрпуваат стрес од разни фактори кои доведуваат до нивно угинување и намалување на приносите. Загадувањето на воздухот, водата и почвата преку употреба на пестициди и инсектициди, подигање на телекомуникациските предаватели, увозот на восок со лош квалитет , се само дел од бројните причини за угинивање на пчелите. Климатските промени кога исчезнуваат карактеристиките за четирите годишни времиња и алчноста на човекот го земаат данокот во оваа стопанска гранка.

„ Главната грешка која ја прават младите пчелари е тоа што природата не им помага за да има доволно нектар за пчелите да го претворат во мед. Оној мед што тие ќе го земат заради економски опстанок не доволен за пчелите да стекнат отпорност па прават дохрана со шеќер. Низ разговорите тие се жалат на загуби иако е рано да се констатираат состојбите. Треба да се почека до крај на март или почеток на април, сега не е време да се отвараат сандаците иако пчеларите стравуваат дека нема доволно храна за пчелите “, вели Китанечев.

Пчеларите се едуцираат како правилно да се одгледуваат пчелите.Меѓу знаењата и искуствата се како да се добие пчелин восок бидејќи искусните пчелари алармираат за неговата важност во добивање на здрави пчелни семејства.

„ Човекот со својата алчност дозволи да се увезе восок од Кина и Аргентина , тоа е се само не е восок. Тој е основа за одгледување на квалитени и отпорни легла. Покрај многу други фактори кои негативно влијаат врз развојот на пчелните семејства е и неквалитетниот восок “,напоменува Китанчев.

Охридските пчелари преку здруженеито на пчелари оргазнира стручни едукации од каде се учи како да ги заштитуваат пчелните семејства. Во текот на зимскиот период се оддржуваат стручни предавања и се споделуваат искуства за правилно одгледување на пчелните семејства. Така, во петок, охридските пчелари ќе имаат средба со стручено лица од соседна Србија.