Skip to main content

Голема прашина, пред да се руши

Сопствениците на руинираната куќа во старата чаршија беа неколку пати известувани дека мора да го рушат објектот, велат од локалната самоуправа.

 |  Тања Кувенџиска  | 
kuka
куќа
Сопствениците на руинираната куќа во старата чаршија беа неколку пати известувани дека мора да го рушат објектот, велат од локалната самоуправа.

Ова наспроти вчера дадената изјава за ТВМ од страна на сопственикот- Исламската верска заедница, дека немаат добиено известување дека мора да ја рушат куќата.

Локалната самоуправа во неколку наврати ја опоменувала Исламската верска заедница, сопственик на руинираната куќа на улица Гоце Делчев, да го руши објектот. Причина е неговата дотраеност поради што куќата може секој момент да се сруши и при тоа да ја загрози безбедноста на минувачите.
Ваквата изјава на потпаролот од локалната самоуправа се коси со дадената изјава за ТВМ на секретарот на ИВЗ, дека од општинскиот инспекторат до сега немаат добиено никакво известување.

kuka„Не е точно тврдењето дека ИВЗ не била информирана. Постојат и писмени докази дека во неколку наврати ИВЗ била опоменувана при што инспекторатот добил ветување дека ќе го извршат уривањето“, вели Никола Манески од Локалната самоуправа.

За потсетување, во вчерашниот дневник ТВМ информираше за овој објект. При тоа од Локалната самоуправа рекоја дека имале добиено ветување од ИВЗ дека куќата наскоро ќе ја рушат. Од друга страна, за нашата ТВ куќа секретарот на ИВЗ изјави дека од општинскиот инспекторат до сега немаат добиено никакво известување за рушење на куќата.

 

 

 

{loadposition content9}