Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го објави канидадот за градоначалник за претстојните вонредни локлани избори

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид го објави канидадот за градоначалник за претстојните вонредни локлани избори кои треба да се одржат на 21 април. Сега се знае и третиот кандидат за градоначалничката трка во Охрид, покрај Д-р Константин Георгиески од редовите на СДСМ и Михаил Трендафилов Нанче од Граѓанската Демократска унија.

 |   | 

Доцна синоќа на состанок во скопје Извршниот Комитет на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, го објави името на канидадот за градоначалник за претстојните вонредни локлани избори. Станува збор за неврохирургот Д-р Митре Милошески инаку вработен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Ова денес и официјално го потврдија од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

„Информацијата може да ја потврдам дека е точна. Со одлука на Извршниот Комитет на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, доенсена е одлука, Д-р. Митре Милошески да биде кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори закажани за 21 април“, информира Перчо Божиноски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Инаку вонредните локлани избори треба да се одржат на 21 април, а предизборната кампања започнува на 1 април.