Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека се случува вистинска еколошка катастрофа со крајбрежјето на Охридското Езеро

На секој чекор дивоградби, а сега и пеплосани црни површини со опожарена трска и ниска вегетација во близина на автокампот „Андон Дуков“ и Св. Еразмо, кажа на денешната прес конференција портпаролот на огранокот на партијата Перчо Божиноски.

 |   | 

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, денес на прес конференција гјавно го запрашаа охридскиот в.д градоначалник и кандидатот на СДСМ Константин Георгиески, дали кога не успеа да создаде ред со дивоградбите, сега со палење на трската се подготвуваат терените за узурпација на крајбрежјето на езерото преку нови градби?

„Профитот на СДСМ оди до крајности, се уништува животната средина, се пали трската на крајбрежниот појас, се подготвува теренот за нови дивоградби, а нема никаква контрола од надлежните институции.Остана ли нешто неуништено? Зарем ова е ничија земја? Важат ли овде законите на државата? Зошто нема реакција од Министерството за животна средина и просторно планирање“ запраша Перчо Божиноски – портпарол ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Божиноски обвини дека охриѓани секојдневно ги гледаат дивоградбите, но дека градоначалникот Георгиески и инспекторите тоа не го гледааат, дека надлежните институции и локалните инспектори молчат.

„УНЕСКО не сугерираше вакво неодговорно однесување и негрижа за животната средина со уништување на флората и фауната. Свесно се премолчува намерното уништување на природата.Дали ова е начинот на подобро менаџирање со плажите“ кажа Перчо Божиноски – портпарол ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Божиноски додаде дека молкот на локалната власт за дивоградбите и уништувањето на трската е еднаков со негрижата за животот на граѓаните, а дека охриѓани нема да молчат и неодговорноста и негрижата кон нив ќе ја казнат за многу кратко време.