Skip to main content

Богата театарска година во Охрид

Богата театарска година во Охрид. Ова е најава од Центарот за култура„Григор Прличев“. Од таму велат дека секој петок планирано е да има по една престава од оние кои веќе се на репертоарот, а во текот на годинава треба да  се постават уште две нови. Иако средствата кои им беа доделени од Министарството за ккултура се многу пониски од потребното, од центарот ќе бараат други извори на финансирање за остварување на нивните планови.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Петок ден за театарска претстава. Директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“, Горан Сомоновски најавува богата театарска сезона. Охридските актери секоја недела ќе изведуваат по една престава така што граѓаните ќе можат да уживаат во нивната игра. Овој петок е претставата Стаклена менажерија, а наредниот „Каде е пиштолот“. Деновиве ќе се прави репертоарот за месец април. Инаку во текот на оваа година предвидени се и две нови премиери. Едната пролетва, а другата наесен.

Иако ни се доста намалени средствата во однос на нашите побарувања мислам дека ќе успееме да ги реализираме новите проекти па охриѓани ќе можат да уживаат во нив. Едниот проект е од авторот Душан Ковачевиќ и во режија на Игор Ивковиќ и другиот е од авторот Дејан Дуковски во режија на Ана Ботева, вели Симоновски.

Оваа година поради недостиг на финансиски средства нема да се прават некои поголеми зафати во центарот. Министерството не им додели пари за таа намена, но тоа не значи дека менаџерскиот тим ќе седи со скрстени раце.

Јас како директор заедно со тимот подготвуваме посебни маркетинг планови и сме во преговори со повеќе локални стопанственици па и со поголемите фирми во Македонија да самостојно дојдиме до некој прилив на пари и да возобновиме, вели Симоновски.

Ќе се поправа светлечката реклама на центарот, планирана е санација на тоалетите ,а директорот прави напори да најде спонзор кој ќе ги претапацира столчињата во големата сала. Желба им е да се ревитализира и кино бавчата, но за тоа се потребни поголеми средства. Овој простор би имал повеќе намени, а градот би добил уште една убава отворена сцена.