Skip to main content

РК Охрид утре игра против Еурофарм Работник

Последниот натпревар на домашен терен во регуларниот дел од Супер лигата РК Охрид ќе го одигра против Еурофарм Работник утре со почеток во 19 часот. Теоретски охридскиот ракометен клуб има шански за плеј оф, доколку приредат сензација против силниот Еурофарм.

 |   | 

Утре екипата на РК Охрид  во СРЦ Билјанини извори ги пречекува Еурофарм Работник во 17тото коло од машката ракометна Супер лига. Тоа за охридските ракометари е последен натпревар на домашен терен во првиот дел од првенството.  Против силната екипа од Битола која има квалитетни интернационалци, РК Охрид ќе настапи без Георгиески и Тасески.  РК Охрид го раскина договорот со Дарко Георгиески и натпреварите во Супер лигата ќе ги продолжи без него, додека пак пивотменот Иван Тасески е повреден.

„Тасески има расекотина на раката која не може да се санира до утрешниот натпревар и нема да може да ни помогне. Гостите се апсолутни фаворити. Меѓутоа ние , како секогаш, пред охридската публика ќе  дадеме се од себе да пружиме достоен отпор и да се прикажеме во добро светло како што беше случај во текот на целата година. “-Горан Андоновски – тренер РК Охрид.

РК Охрид освен ако приреди сензација на утрешниот напревар против Еурофарм, најверојатно ќе игра во плеј аут. Но сега се фокусирани и посакуваат плеј оф.

„Многу добро ја знаеме екипата на Еурофарм. Со оглед на тоа дека тие се многу силни во досегашниот дел од првенството, имаат само еден нерешен резултат, знаеме колку тешко ќе биде да направиме изненадување на домашен терен. Би ги повикал навивачите да дојдат во што поголем број да не бодрат и исто би ги повикал нашите најголеми поддржувачи навивачката група Рибари. Шансите за плеј оф сеуште постојат, ништо не е загубено. “ Јагош Брауновиќ

„ Квалитетна екипа со долга клупа. Нема да се предадеме иако тие се фаворити. Ќе дадеме се од себе да испадне подобар резултат за нас. “ Борче Соколов

Без оглед на исходот од преостанатите два натпревари до крајот на регуларниот дел од првенството,  според тренерот Андоновски клубот ги исполнил целите кои ги поставил на почетокот на сезоната.

„Да се консолидира клубот, да има сигурна игра и минимум сигурен опстанок во лигата. Меѓутоа со нашите игри во есенскиот период покажавме многу повеќе, имавме добри натпревари, направивме 33 бодови во моментов, уште сме во трка за плеј оф. Мислам дека постигнавме максимум, ја вртивме публиката на трибините и мислам дека е задоволна од нашата игра. “ – кажа Андоновски.

Натпреварот помеѓу Охрид и Еурофарм Работник се игра утре во СРЦ Билјанини извори со почеток во 19 часот.