Skip to main content

ИНИЦИРАНА СОРАБОТКА МЕЃУ ОХРИД И КОПЕР

Вршителот на дожност градоначалник Константин Георгиески и секретарот Игор Бежоски  денеска имаа средба со проф. д-р  Драган Марушиќ, ректор на Приморскиот универзитет во Копер од Словенија и Силвана Шопоска од неговиот  ректорски кабинет

 |   | 

Вршителот на дожност градоначалник Константин Георгиески и секретарот Игор Бежоски денеска имаа средба со проф. д-р Драган Марушиќ, ректор на Приморскиот универзитет во Копер од Словенија и Силвана Шопоска од неговиот ректорски кабинет.

На средбата, професорот Марушиќ рече дека Приморскиот универзитет, во кој има девет факултети, иницирал покрај академската да се воспостави и поблиска соработка меѓу Охрид и Копер како развиени туристички центри. Во рамките на посетата, делегацијата имаше работна средба и во Факултетот за туризам и угостителство.