Skip to main content

ГРАЃАНИТЕ СО СВОИ ПРЕДЛОЗИ МОЖЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО КРЕИРАЊЕТО НА ИЗГЛЕДОТ НА КЕЈ-МАКЕДОНИЈА

Во склоп на  проектната документација за проектот за “Реконструкција на “Кеј Македонија“ – Охрид“, подготвена е Студијата за Оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти (ОВЖССА) за истиот проект.

 |   | 

Заинтересираните граѓани, правни и физички лица можат да ја погледнат електронската верзија на Студијата на web страната на општина Охрид, а печатената верзија може да се најде во одделението за заштита и влијание врз животна средина при Секторот за урбанизам и заштита на животната средина.

Сите забелешки и сугестии во однос на содржината на ОВЖССА Студијата се добредојдени и истите граѓаните може да ги испраќаат на e-mail: urbanizam@ohrid.gov.mk или по пошта на следната адреса општина Охрид, ул.Димитар Влахов бр.57,Охрид кои ќе бидат анализирани од консултантскиот тим и надлежните служби во Општината.

Студијата ќе биде достапна за разгледување и доставување коментари во рок од 30 дена од денот на нејзиното објавување.