Skip to main content

Фолколорните ансамбли мака мачат да привлечат играорци

Социјалните мрежи и мобилните телефони се најголеми  конкуренти на фолклорните ансамбли.   Фолколористите  мака мачат да обезбедат доволен број на играорци. Основните школи незаинтерсирани да ги  организираат учениците во фолклорни секции кои ќе ги негуваат традицијата и обичаите. 

 |  Валентина Неловска  | 

Се потешко организаторите на фолклорните ансамбли и друштва го привлекуваат вниманието на младите луѓе да бидат дел од нивните играорни постави, укажува Илче Ѓорески од ансамблот Филиграни. Социјалните мрежи и мобилните телефони се најголеми конкуренти на фолклорните ансамбли.Со надчовечки напори охридските фолкорни друштва обезбедуваат доволен број на фолклористи, вели Ѓорески.


„Ние како ансамбл броиме 150 членови во 4 возрасни групи. Некако успеваме имаме кворум, доволен број на членови посебно машки играорци. Тие се проблематични да дојдат во друштвата бидејќи повеќе ги привлекуваат спортовите, како фудбал, ракомет, кошарка, но за среќа ние имаме солиден број на играорци“, вели Ѓорески.

Фолклорните друштва се соочуват и со други проблеми. Покрај слабиот интерес на младите тие се судираат и со недостаток од простории каде што ги изведуваат пробите. Нема доволен број и на кореографи, а и меѓусебната соработка меѓу фолклорните друшта е на многу ниско ниво, вели Ѓорески. Основните школи и понатака се незаинтерeсирани да ги организираат учениците во фолклорни секции кои ќе ги негуваат традицијата и обичаите.

„ Државата треба да води политика за зачувување на традицијата,јазикот ми културата. Тие се одлики на еден народ и треба поголемо внимание да се посвети. Имаше иницијатива фолклорот да е дел од наставната програма но се застана само на предлогот и нема никакви активности“, посочува Ѓорески.

Во Охрид и покрај проблемите постојат 4 фолклорни друштва и ги има најмногу во земјава. Фолклорниот ансамбл Филиграни е едно од нив, а во соработка со туристичките водичи даваат и по 100 концерти годишно за странските посетители на охридското крајбрежје.