Skip to main content

Масовни протести најавуваат од Здружението на граѓани Совест

„Совест“до понеделник им даде рок  на МВР, Управата за културно наследство, јавното обвинителство и Звод и музеј Охрид  да се произнесат  со став  и да стават крај на нелегалното  градење на џамијата, во спротивно почнуваат со граѓански протести.

 |  Соња Рилковска  | 

Масовни протести доколку не се стопираат нелегалните градежни активности на Алипашината џамија, најавуваат од Здружението „Совест“. Надлежните до понеделник имаат рок да извршат увид и да побараат да се почитува законот.
Деновиве повторно во фокусот на јавноста е нелегалната изградбата на 32 метарското минаре на Али пашината џамија во строгиот центар на Охрид. После подолг застој поради забраната за градба,  покриено со параван, но  пред очите на јавноста без одобрение  за градба  полека се издигнува минарето.
 „Веќе три години оваа мачна ситуација за охриѓани , ние како граѓани од „Совест“ сметаме дека може да се надмине само со почитувањ н законските одредби, со почитувањ на различнсотите за хармонично и заедничко живеење во вековниот Охрид. Морам да потсетам дека изминатиов период презедовме низа активности со цел да ја алармираме јавноста и псоебно надлежните институции да ги преземат своите со закон утврдение надлежности и да ја прекина оваа рашуманијада и префрлување на одговорноста а притоа на очиглед на целата јавност на значајното културно наследство на Алипашината џамија и понатака да се преземаат незаконски градежни активности“- вели Томе Џамтоски од  ЗГ „Совест“.


Градежниот изведувач на Али пашината џамија , која од 2014 година е прогласенаа за значајно културно наследство е должен да го почитува конзерваторското решение  со кое е забрането било  какви дивоградби на споменичното добро што го нарушуваат неговиот интегритет.

„Изрично се бара дека ова конзерваторксо одбрение врз кое се темели целото ова незаконско работење мора по точка   6 мора да има правосилно решение за градење, тоа досега во јавноста никој не го видел од една причина никој орган не издал такво решение. Во следното решение од Управата за културно наследство се бара запирање повторувам запирањ на работите на Али пашината џамија. Она што претставува новост и е повод за оваа конференција и што не охрабрува во нашите оправдани напори се последните најави дека конечно ќе се произнесат со став во јавноста“ , додава Џамтоски.
Охриѓани се согласуваат,  сите се должни да ги почитуваат законите и ИВЗ и МПЦ, и  недозволиво е да се  менува визурата на центарот на Охрид.


„Не висината не би требало да биде толку, мислам во ред ако псотоело од на времето нека постои , но не треба да биде толку високо прво и пров заради изгледот на центарот“, вели една охриѓанка.
-„Ако имаат дозвола нормално, ако немаат дозвола не треба да градат“, вели еден охриѓанец.


„Совест“до понеделник им даде рок  на МВР, Управата за културно наследство, јавното обвинителство и Звод и музеј Охрид  да се произнесат  со став  и да стават крај на нелегалното  градење на џамијата, во спротивно почнуваат со граѓански протести.