Skip to main content

Отворена изложбата „100 години Требениште“

Богатствотото во Требениште, древните гробници, скапиоцените наоди од златни маски, врвната уметност која ги обедини националните институции од трите балкански земји, Бугарија, Србија и во Северна Македонија од синоќа достапна и за македонската јавност.

 |   | 

Синоќа во Археолошкиот музеј на Северна македонија пред политичкиот и диплчоматскиот врв од земјава,од соседните Србија и Бугарија, како и пред директори, археолози и вработени во музеите синоќасвечено беше отворена изложбата „100 години Требениште“, која се организира во чест на 100-годишнината од откривањето на некрополата во 1918. Станува збор за иницијативата на трите институции од соседството, Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и музеј при Бугарската академија на науки во Софија.

„Оваа излжба е приказна за скапоцените траги на една исклучително богата култура откриена пред сто години во близината на Охрид или некогашен Лихнидос. Мистериозната историска и културна загатка во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија е обединета со сите три дела од нејзината севкупност, чијишто епилог на заокружената приказна за загатката Требениште има шанси заеднички да ја решат националните историски археолошки институции на Бугарија, Србија и Северна Македонија, а зошто да не и во соработка со соодветни инстититуции понатаму од Грција“, кажа на отоворањето на изложбата Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Некрополата Требеништа, која се наоѓа кај селото Горенци во близината на Охрид, била случајно откриена впри копање ровови од бугарски војници. Бројните златни, сребрени и бронзени предмети од гробовите биле пренесени во Музејот во Софија каде се наоѓаат и денес. Истото се случува и со следните наоди од истражувањата во 1932 и 1934 кои ги извел Народниот Музеј од Белград, каде се наоѓаат и денес. Со македонските ископувања во Требеништа во 1972 од Заводот и Музеј од Охрид, биле откриени погребувања и од помладите хронолошки рамки на оваа некропола, а наодите кои се наоѓаат во Охрид исто така ќе бидат дел од изложбата. Меѓу нив е и златната маска најдена кај Горна Порта во 2011.

Автори на изложбата се Перо Арџанлиев од Скопје, Вера Крстиќ од Белград и Крсто Чукалев од Софија. Издаден е и каталог на 408 страници со текстови од 26 автори – музејски работници од трите држави,како и од Чешка и од Германија. Директорот на Археолошкиот музеј Горан Санев рече по Скопје, изложбата вгодина ќе оди за Софија, а во 2021 во Белград, и дека за неа се заинтересирани археолошките музеи од Париз, Берлин, Виена и Загреб.

Изложбата ќе биде отворена до август, секој ден, освен понеделник, од 10 до 18 часот. Влезницата чини 200 денари, за студенти до 26 години и пензионери е 100 денари, а за деца до 7 години влезот е бесплатен.