Skip to main content

Несовесни граѓани крадат вода од градската водоводна мрежа


Во разни делови од градот се открива по еден див приклучок дневно. Од МЈП Проаква поднесуваат тужби до несовесните граѓани. Изработуваат и проекти со кои ќе се намалат загубите на вода во градскиот водовод.

 |  Валентина Неловска  | 

Службите на МЈП Проаква заедно со комуналните инспектори од Локалната самоуправа откриваат нелегани приклучоци на вода. Диви приклучоци на градскиот водовод има во разни делови од градот. Несовесни граѓани избегнуваат легално да се приклучат на системот за водоснабдување и вршат кражба на водата од градската водоводна мрежа, информираат од МЈП Проаква. Досега се поднесени 10 тужби за кои се води постапка пред надлежниот Основен суд.

„Жално е што сеуште има гараѓни кои на своја рака си направиле диви приклучоци и не се евидентирани кај нас. Но службите за контрола и присилна напалата се вклучуваат во таа контрола. Секојдневно пронаоѓаме 1 до 2 кои потоа се евидентираат во сиситемот“, напоменува Алексијоски.

Од МЈП Проаква прават напори да ги откријат местата каде што им се јавува загуба на вода, но и да ја намалат. За таа цел во тек е проект за изработка на 25 контролни шахти низ целата територија на градот, напоменува Алексијоски.


„Со реорганизација 8 проценти е намалена тековната загуба, која и сега е во голема мерка, но беше уште поголема. Во тек е постапка за изработка на проект за целосна промена на постоечките мерачи на нашите изворишта и поставување на контролни шахти на град Охрид“,вели Алексијоски.

За да ги намалат загубите на вода од МЈП Проаква изготвиле проект. Аплицирале до Фондовите на ЕУ за добивање средства за поставување на водомери со далечинско отчитување . За поефикасно работење во следниот период предзивик на МЈП Прокава е проект за замана на старите пумпни станици. Изработиле и доставиле проект до Агенцијата за рурален развој за реконструкција на пумпните станици кај Метропол , Трпејца и Љубаништа. Со поставување на нови поенергетски пумпи за црпење на вода ќе се намалат и сметките за потрошена електрична енергија , подвлекуваат од МЈП Проаква.