Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Образовните институции раководени од структурите на СДСМ го достигнаа дното

„Шуга во 2019 година, во  средното училиште „Св. Наум Охридски“. За краток период, нов немил настан. Образовните институции раководени од структурите на СДСМ го достигнаа дното“, обвини денес на прес конференција портпаролот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Охрид, Перчо Божиноски. 

 |   | 

Тој јавно запраша, зошто раководството на училиштето не ја информирало Локалната самоуправа за проблемот и што презел директорот на училиштето, за да се констатира дека нема присуство и други случаи на заразна болест во училиштето.

„Наместо в.д. градоначалникот Константин Георгиески постојано да се фотографира пред училиштето, добро би било да се информира за вистината за состојбите во кое се наоѓа образованието. Што презел Директорот на училиштето? Дали се направени систематски прегледи кај другите ученици за да се констатира дека нема присуство и други случаи на заразна болест во училиштето?Со СДСМ на власт родителите не можат да бидат спокојни и сигурни дека нивните деца се безбедни. Дали е ова нормално? Ова е скандал и некој мора да биде казнет за молчењето.Дали и во другите училишта има ист проблем кој се прикрива од надлежните? МОН и Центарот за јавно здравје веднаш да преземат мерки и да ја испитаат ситуацијата во училиштата“ кажа Перчо Божиноски- портпарол О.К. ВМРО-ДПМНЕ Охрид.