Skip to main content

Во Законот за потрошувачи во тек се законски измени согласно европските прописи

 Се воведува Директива за нечесна пазарна пракса, ќе се продоложи  гарантниот  рок на производите од бела техника, а на подолг рок производителот ќе  обезбеди и резервни делови за повеќе  уреди. До организацијата на потрошувачи  и  понатака пристигнуваат најмногу поплаки за неисправни производи од бела  техника.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Министерството за економија се “крчкаат“ нови законски решенија во Законот за потрошувачи. Во подготовката на измените се вклучени стопански комори, организации на потрошувачи, експерти од различни области, државни институции и институции од Советот за заштита на потрошувачите на ниво на Влада, информира Мaријана Лончар од ОПМ. Со најновите измени се очекува купувачите да добијат поголема заштита како потрошувачи, да се регулира пласманот со квалитетни производи од бела техника на домашниот пазар

„Регулативата е променета. Директивата за нечесна пазарна го предвидува и ова како сегмент на нечесната пазарна пракса. Фактичката понуда на нашиот пазар на производи со различен квалитет од одредени земји доколку се детектираат по најава на увозникот ќе може да смета дека станува збор за  нечесна пазарна пракса согласно европските прописи“, информира Лончар.

Со измените во Законот за потрошувачи ќе бидат опфатени и потрошувачките права во делот на директивата за Еко дизајнот, посочува Лончар. Ќе се продолжи гарантниот рок на поголема група на производи од бела техника, а производителот на подолг рок ќе обезбедува резервни делови за повеќе уреди.

„Сега производителот е задолжен само на 5 групи уреди што е малку. Потрошувачите и кај нас и во Европа не можат да најдат резервни делови. Гарантните рокови за нив се пократки и ги нема, па купувачите се принудени да набавуваат нови производи. И тоа ќе се среди“, вели Лончар.
До Организацијата на потрошувачи во периодот јануари – февруари оваа година пристигнале 400 поплаки за неисправни производи од бела техника, технички апарати и производи за лична употреба. Овој број е поголем во однос на истиот период од минатата година, напоменува Маријана Лончар претседател на ОПМ.