Skip to main content

Континуирано уништување на јавните добра во Охрид

Детското игралиште во УЗ „Гоце Делчев“, кое во континуитет откако е изградено и пуштено во употреба е на мета на вандалите, повторно се санира од екипата на ЈП „Градски пазар“.

 |   | 

Детското игралиште во УЗ „Гоце Делчев“, кое во континуитет откако е изградено и пуштено во употреба е на мета на вандалите, повторно се санира од екипата на ЈП „Градски пазар“.

ЈП „Градски пазар“ има обврска да ги санира и делумно да ги реконструира детските спортски игралишта на територијата на општината. Во случајот со игралиштето во УЗ „Гоце Делчев“ова е веќе четврта или петта интервенција од страна на екипите на јавното претпријатие Утрово се санаир металната заштитна ограда и оние детски реквизити кои во минатиов период биле уништени. Повеќе од половината клупи се речици во целост уништени, а мета на несовесните граѓани не е само детското игралиште во населбата „Гоце Делчев“, туку и останатите детски игралишта во градов. Во неколку наврати вандали ја уништија и недоизградената патека од мостот кај каналот Студенчишта до Горица 1.

Инаку од Локалната велат дека продолжува соработката со СВР се со цел да се намали штета која вандалите и ја нанесуваат на јавните добра, но повеќе од очигледно е дека она на што треба да поработиме е јавната свест, дека за овие објекти на крајот од денот плаќаме сите од сопствениот џеб.