Skip to main content

Дислоцирана и кабината од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“

Кон крајот на минатата година автобуската постојка која се наоѓаше кај зградата Печијаре беше дислоцирана десетици метри подолу на Булевар Туристичка, но покривната конструкција под која граѓаните се засолнуваа од дожд и сонце остана на старата локација.

 |   | 

Kако што најавија од Локалната самоуправа, со подобрување на временските прилики, конечно десе екипите на ЈП „Нискоградба“ пристиапија кон дослокација и на самата кабина која треба да ги заштити граѓаните од временските влијанија.

Поставувањето на 5 -те нови постојки се релизира по три пропаднати тендери и чинеше 1.040.000, 00 денари, а го изведе скопската фирма „Турбо инжинеринг“ специјализирана за поставување на автобуски постојки. Засега од одделението за Комунален рзавој немаат сознание колкав е потребниот број за поставување на постојки и на други локации каде што патниците чекаат на дожд и сонце градски или приградски превоз. Сепак во иднина, како што велат, се подготени да постават постојки за автобуси каде што ќе има потреба.