Skip to main content

Поднесени документите за учеството на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче

Поднесени документите за учеството на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, на вонредните локални избори.

 |   | 

Поднесени документите за учеството на кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Михаил Трендафилов-Нанче, на вонредните локални избори.

„Со поднесувањето на документите веќе и официјално нашата партија влегува во трката за градоначалничкото место во градот Охрид.
Како партија која се залага за промена на начинот на водење на политика познат досега во нашата земја, ќе се погрижиме нашиот кандидат да понуди реална програма со проекти, коишто ќе бидат во интерес на oхриѓани. Ќе покажеме дека на полето на политичката борба, може да се успее и без ситни пазарења и лаги. Нашиот кандидат Михаил Трендафилов-Нанче веќе и официјално ја бара довербата на охриѓани за да им докаже дека функцијата градоначалник може да се извршува домаќински и чесно“, се вели во соопштението на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.