Skip to main content

Петре Бакевски е добитник на наградата Григор Прличев

Македонскиот поет, Петре Бакески е добитник на наградата Григор Прличев 2008.

 |  Валентина Нелоска  | 
kniga
kniga
Жирито од пристигнати 20- тина поеми ја избра „Атлантида“ на Бакевски. Академик Митко Маџунков ќе даде осврт за поемата  „Атлантида“, а ќе одржи и беседа за ликот и делото на Григор Прличев. Организатор и домаќин на манифестацијата е НУ Центар за култура која го ноци неговот има. За најдобрата поема, на поетот Бакески  ќе му биде врачена  и парична награда во износ од 1500 евра. Директорот на центарот, Драгана Боцеска вели дека наградата се доделува за поема, за  книжевниот вид кој е подзаборавен и за кој поетите се  потикнуваат да творат во тој жанр. Февруари е месец на одржување на Прличевите беседи.

AtlantidaМанифестацијата започнува на 5 февруари, а ќе трае два дена. Низ годините,  беседите  имале свои успони и падови, но   традицијата  и понатаму продолжува. Оваа година се одбележуваат 116 години од смртта на Григор Прличев.
Значењето, ликот и делото на големиот охридски преродбеник и втор Хомер, Григор Прличев се чествува од 1952 година. Прличевите беседи е најастарата културна манифестација во земјата.

Националната Установа  Центарот за култура, локалната самоуправа и основното училиште Григор Прличев организираат повеќе културни манифестации со  кои ќе се чествува литературното дело на Григор Прличев. Од локалната самоуправа на овој ден е најавено и доделување на наградата почесен граѓанин на Охрид , а клучот од градот  за прв пат ќе му биде врачен  на Минчо Јорданов.

 

 

{loadposition content9}