Skip to main content

Милошевски: Системски решенија во инфраструктурата, водоснабдувањето и канализациониот систем

Системски решенија во инфраструктурата, водоснабдувањето и канализациониот систем како во градските така и руралните населби, најави Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Во неговата  предизборн програма во делот за животна средина содржана е мерка со која за секое пресечено дрво во централното градско подрачје ќе се засадат 10 нови дрвца.

 |   | 

За пософистициран лик на општината со формирање пријатни катчиња за одмор и релаксација на граѓаните и туристите, планирањето и уредувањето на просторот на јавните површини ќе се прави во дослух со граѓаните, вели Митре Милошевски, кандидат за Градоначалник на Охрид, од вМРО ДПМНЕ.  Неговата програма за поубав град предвидува уредување на парковите на влезовите во градот за разубавување на ликот на Охрид. Но за гардот да биде целосно уреден потребни се  системски решенија во инфраструктурата, водоснабдувањето и канализациониот систем како во градските така и руралните средини, потенцира Милошевски.

„Охрид не може да си дозволи да нема водовод и канализација, да биде затрупан со ѓубре, да има лоши улици. Затоа ќе пристапиме кон:Изградба или доизградба на водоводни системи Водоводна мрежа во Рача, Горно Лакочереј, Пештани, Лагадин, Куратица и Ливоишта, но и на улиците: „Јане Сандански“, „Васил Стефоски“, „Христо Узунов“, „Абас Емин“, „Будва“ и „Вардар“. Реконструкција и изградба на канализационен систем Фекална канализација во македонското Сен Тропе, Трпејца мора да има како туристичко место. “ – кажа Милошевски.

Милошевски најави реконструкција и изградба на канализационен систем во Велгошти, Рача и Лескоец 4 фаза, но и на улиците: „Железничка“, „Стив Наумов“, „Абас Емин“, „Будва“, „Александар Турунџиев“, „Ристо Чадо“. Изградба на атмосферска канализација на улиците „Абас Емин“, „7 Ноември“, „Никола Карев“, „Будва“,„Охридати“ и „Ристо Чадо“. Во програмата посветено е внимание и на јавното зеленило.  

„Со уредувањето на зелените површини добиваме поубав и почист град и поздрава животна средина.   За поубав и позелен лик на градот се проектите: Проект за финансирање на кампањи за почист град, за подигање на свеста, за чување на општествени добра, за заштита на човекова околина; Мерка 1:10 со која за секое пресечено дрво во централното градско подрачје да се засадат 10 нови дрвца.“ – најави Милошевски.

Инфраструктурата, комуналните работи и живтоната средина мора да бидат приоритет за градот да биде убаво место за живеење, потенцира Милошевски и порача дека ќе биде градоначалник од народот за народот на кого грижата за охриѓани ќе му биде на прво место.