Skip to main content

Се укинува забраната за движење во шуми

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по барање на Јавното претпријатие „Национални шуми” ја укинува забраната за движење во шуми донесена на 29 март годинава, информираат од таму.

 |   | 

Имено, Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што во моментов согласно добиените информации од терен, нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари.

„Воедно, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постетува дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, сочласно член 23 од Законот за ловството. За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството“, се вели во соопштението.

Од таму информираат дека сите надлежни институции следниот период ќе ја следат состојбата на терен.