Skip to main content

„Стаклена менажерија“ вечерва на репертоарот на Охридскиот народен театар

„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот.

 |   | 

„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот.

Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски
Режијата е на Софија Ристевска Петрушева, а за костимите се погрижи, Андреј Ѓеоргиевски.

Билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 20.00 часот.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066